• slider image
    SIESTA APARTMENTS

За нас

Добре дојдовте на нашата веб-страна,апартмани „Сиеста“ во Скопје, главниот град  на Република Македонија, лоциран во срцето на Балканскиот Полуотров, со традиција стара 2000 години.

Сместувајќи се во Скопје, неможе а да не направите една прошетка долж текот на  убавата река „Вардар“, а кога веќе сте тука преку Камени Мост да навлезете низ уличките полни со посебен дух и спиритуалност , уличките на старата Турска Чаршија (којашто воедно е и најголемата чаршија сочувана и во функција- на целиот Балкан.) Надоврзувајќи се на чаршијата, ви препорачуваме да го искачите Кале и да го осетите духот на  тврдината стара1500 години  која ќе ви ја доулови дел од убавината на Скопската Панорама.

 Меѓутоа доколку сакате да уживате во чистиот воздух,да пиете топло чајче и да го набљудувате целиот град планината Водно е вашето решение. Безразлика дали во вас владее спортскиот дух и сакате да планинарите,возите велосипед или пак сте само уживачи во глетката и природата Водно располага со жичара која ќе ве одведе право до врвот каде што се наоѓа и самиот крст, симбол на самото Христијанство. Не заборавајте да ја посетите и црквата Св. Пантелејмон во која се наоѓа познатата фреска „Оплакување на Исус Христос“.

Од Исламските монументи пак, ви ги препорачуваме Џамијата на султан Мурат-Хјункар како и Даут Пашин Амам.

Скопје е интернационално познато како роден град на Мајка Тереза. Исто така е познато по голем број на природни убавини од кои ние ги одбравме кањонот Матка со Марковите Порти и подводната пештера„Врело“.

Не заборавајте да ја пробате и исклучително вкусната традиционална македонска храна како и зрелите македонски вина.

Каде се наоѓаме

Ние се наоѓаме во населбата Тафталиџе која е во близина на центарот на градот, за помалку од 15 минути пеш или со помош на такси/ градски автобус. Има само неколку апартмани во зградата , така што амбиентот е  многу тивок и пријатен. Соседството е полнo со мали, убави, семејни куќи. Преминувајќи преку булеварот можете да уживате во убави кафулиња и ресторани на Трговскиот Центар " Лептокарија ". Исто така, за помалку од 5 минути пеш ќе бидете во можност да го посетите "Скопје Сити Мол ", кој е еден од најголемите трговски центри во градот и располага со кино, брендирани продавници, барови, кафулиња и ресторани.

Други работи кои не треба да останат незабележани:

1.Доколку доаѓате со автомобил,  вклучени се паркинг-места .

2.Флексибилно чекирање , освен ако има друго чекирање во истот ден (  за кое однапред би ве известиле) , во тој случај времето за чекирање е како што следува :

-Check Оut времето е пред 12 p.m.

-Check In време е после 2 p.m.
 

Како да стигнам таму

Со користење на долу наведените мапи ќе најдете упатства за тоа како да стигнете до нас од аеродромот во Скопје, автобуската/ железничката попатна станица , центарот на градот итн.
 

Форма за резервација

Book your apartment now